Македонија
18. October 2015 - 8:14

Погледнете какво време не очекува денес

Времето во Македонија денеска ќе биде сончево со умерена облачност и претежно тивко. По одделни котлини, речни долини и планински превои со појава на утринска магла и ниска облачност. 

Температурата ќе се движи од 15 до 23 степени. 

Во Скопје сончево со умерена облачност и претежно тивко.Температурата ќе достигне до 21 степени. 

Од вторник попладне се очекува нашето подрачје да потпадне под влијание на влажна и постудена воздушна маса, што ќе услови врнежи од дожд со променлив интензитет, засилен северен ветер и позначителен пад на температурата од среда за кога се очекуваат и пообилни врнежи од дожд.