Македонија
24. August 2015 - 8:28

Погледнете какво време не очекува денес

Времето денеска во земјава же биде сончево со мала до умерена локална облачност и слаб до умерен ветер претежно од северен правец.  Утринската температура  ќе биде во интервал од 11 до 19, а дневната од 25 до 32 степена. УВ  индексот ќе има вредност 7.

Во Скопје времето ќе биде сончево и потопло со мала облачност и со слаб до умерен северен ветер. Утринската температура ќе се спушти 15, а дневната ќе достигне до 31 степени.

Во наредните денови следува период на стабилно и суво време со постепен пораст на  температурата на воздухот која ќе достигне до 36 степени.