Македонија
27. February 2017 - 13:52

Погледнете каков автомобил му купи Шилегов на својот син

Петре Шилегов му купил на својот син Иван Шилегов нов автомобил од 30.000 евра, дознава старт.мк од свои извори. Со оваа фотографија, самиот Шилегов јуниор се пофали на социјалните мрежи - откако татко му го подновил со Сеат Леон.

- За мојот надјобар син - напишал Петре на пораката оставена на новиот авотмобил за неговиот полнолчетен син Иван Шилегов.

Од каде му се парите за нов автомобил - засега нема информација. Но, на сајтот на антикорпуциска комисија, овој автомобил не е пријавен во имотната состојба на пратеникот и портпарол на СДСМ Петре Шилегов.

Според анкетниот лист на пратеникот на СДСМ, Петре Шилегов поднесен до Државната комисија за спречување на корупција, може да се види дека за само две години има стекнато три нови стана во вредност од 208.000 евра.

Продолжува богатењето на фамилијата Шилегови кои за само две години успеале да заработат три стана, кои во анкетниот лист се наведени на име на брачен другар, односно на сопругата на Петре Шилегов.

Двата нови стана од 72 и 64 м2 фамилијата Шилегови ги купила во 2015 година и изнесуваат 160.000 евра, додека во 2016 година Шилегов се подновил со уште еден стан од 68 м2 во вредност од 48.500 евра. За само две години успеале да купат три стана во вреднос од околу 208.000 евра.

Петре Шилегов важи за еден од политичарите кои имаат најбогати анкетни листови во кои има пријавено 4 стана, една куќа од 306 м2, две возила мерцедес и "ауди А4#, како и луксузен накит, уметнички слики и хартии од вредност.

Кога јавноста дозна во 2015 преку прес-конференција за двата нови стана во луксузната населба во Општина Карпош , Петре Шилегов нервозно упадна и ја прекина прес конференција, а потоа замина со своето "ауди".

Со анкетниот лист на Петре Шилегов очигледно паѓаат во водат сите обвинувања од страна СДСМ дека во време на ВМРО-ДПМНЕ тешко се живее, односно дека владее режим и немање на слобода.

Очигледно кога активистите на СДСМ протестираа, раководството предводено од Зоран Заев, Радмила Шекеринска и Петре Шилегов се богателе.