Погледнете како кокаинот го уништува срцето на оние кои го конзумираат!
Ова вознемирувачко видео покажува како отчукува срце на пациент кој бил зависник од кокаин.
Срцето на овој зависник од кокаин е три пати поголемо од големината на секое нормлано срце, а откако е извадено од телото продолжило да отчукува уште цели 25 минути што не е случај со нормалното срце кои би се одржало во живот уште една минута.
Пациентот конзумирал кокаин цели 15 години а за тоа време срцето му е целосно оштетено до мера да е тоа целосно деформирано.
- Да не дојде до забуна, пумпа и пулсира нерамномерно а такво не би можело да ја одржи личноста во живот. Срцето било извадено од телото на пациентот бидејќи му била неопходна трансплантација и сигурно во него биле вбризгани стимуланси, како би продолжило да пумпа и да го орджува организмот во живот - вели Клаус Вит, кардиолог од Лидс.
- Тоа срце не отчукува. Тоа не може така да се нарече, бидејќи тоа не се нормлани контракции. Кокаинот дејствува спротивно од секој лек кој се препишува на пациентите за третирање на болести на срце. Кокаинот го забрзува работењето на срцето, ја прави крвта леплива, ја менува хормонската слика на организмот и води кон инфаркт, можност од удар и откажување на срцето.
Конзумирањето на кокаин има сличен ефект со адреналинските инекции. Се чуствувате возбудено, како да сте на врвот на светот, но тоа чуство води кон оштетување на вашето срце.
Вистина е дека некои луѓе многу долго го конзумираат и немаат никакви проблеми, но вистина е и дека постои можност еднаш да земете кокаин а тоа да има катастрофални последици.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација