Живот
30. August 2015 - 19:45

Погледнете го најопасното и најзагаденото место на Земјата!

Езерото Карачај се наоѓа во јужен Урал, западна Русија, и е едно од најопасните езера во светот. 
 
Во 40-тите години на минатиот век Мајак била таен владин проект на Советскиот Сојуз.
 
Езерото се користело за складирање на радиоактивен отпад од околните фабрики.Педесет години подоцна областа била отворена за јавноста, а научниците кои добиле дозвола да го посетат местото откриле дека станува збор за екстремно загадено место, поточно за најзагаденото место на целата планета.
 
Ова отровно езеро ги загадува околните места, воздухот, водата, но е опасно и за луѓето кои живеат во таа област. Токму таму за 21% се зголемени случаите од заболување на рак, 25% се зголемени случаите со деформитети при раѓање и 41% се зголемени случаите од заболување на леукемија. Ако решите некогаш да ја  посетите Русија, избегнувајте го опасното езеро Карачај.