Свет
11. November 2016 - 19:57

Погледенте како Обама се потсмеваше со Трамп пред пет години

Вака дел од американските медиуми направија паралела на синоќешната средба во Белата куќа со онаа пред пет години на истото место, каде што Обама се потсмеваше со Трамп.
 
Во 2011-тата американскиот претседател организираше вечера во Белата куќа, на која меѓу бројните угледни гости беше и Трамп.
 
Тој се шегуваше на сметка на републиканецот околу неговите тогашни тврдења дека Обама не е роден во САД, очигледно несвесен дека работите драстично ќе се сменат.