Македонија
22. December 2017 - 16:20

Поглаварите на БПЦ и на МПЦ очекуваат позитивен исход во промовирањето на автокефалноста на МПЦ

Македонската и Бугарската православна црква подготвиле акциски план за спроведување на одлуката што БПЦ ја донесе на 27 ноември, со која презеде обврска да биде промотор за признавање на автокефалниот статус на МПЦ. 

Ова е единствената официјална информација за вчерашната прва работна средба меѓу комисите на двете цркви. Во соопштението од Бугарската Патријаршија, стои и дека архиоереите со братска љубов во Христа разговарале за ситуацијата околу Македонската православна црква и нејзиниот канонски статус и единство во името на добрата волја, и братските односи.

Дел од бугарските владици, кои инсистирале на задржување на доверливоста на резултатите од разговорите, пред бугарските медиуи поитенцирале дека тие сепак се задоволни од тоа како поминала првата средба.

Покрај седницата на меѓуцрковните комисии, вчера во Софија имало средба и меѓу Патријархот Неофит и Архиепископот Стефан. Во изјавите за националната државна телевизија, тие велат дека очекуваат позитивен исход.

Верскиот аналитичар и новинар од Софиоја, Горан Благоев вели дека оваа средба е позитивен исчекор, но очекува дека ваквите средби треба да бидат с епочести.

Засега нема најава дали и кога ќе има нова средба, но со оглед на божиќните и богојавленските празнувања тааа најверојатно ќе се случува по 20 јануари.