Живот
23. April 2017 - 18:24

Подобро да не го направеше тоа: На мажот му испрати прекрасна русокоса за да го тестира

Една жена одлучи во емисијата „ Како да фатиш прељубник“ (How To Catch A Cheater) да ја провери верноста на својот сопруг па му испрати згодна русокоса, да види дали ќе и остане верен или нема да може да и одоли на младата убавица.

Додека тој седеше во кафуле, девојка отворено му пријде и му рече дека и се допаѓа, додека жената целата ситуација ја гледаше преку скриена камера, Но набрзо работите станаа многу лоши.

"Дали сакаш допоцна да се дружиме?, праша девојката, на што тој одговори: „Секако, може!“ На прашањето дали има девојка, одговри дека нема, меѓутоа набрзо призна дека е женет, но и додаде дека тоа на неговата жена нема да и пречи, ако никогаш не дознае.

„Може ли да дојдам кај тебе кога таа не е тука?, го праша потоа.

„Ох, па таа и не живее моментално во ова подрачје“, одговри смеејќи се.

„Набави кондоми за вечерва, ќе ти требаат“, му порача уверливата актерка за крај, а несреќната жена целосно се скрши и заплака.