Бизнис
15. September 2015 - 19:53

Подобри денови за пензионерите- Поголема вработеност, стабилни пензии

Повеќе вработени помалку пензионери. Просечно двајца вработени кај нас работат за еден пензионер, поточно соодносот вработен/пензионер е 1,84/ вработен на 1 корисник на пензија. Ова е всушност односот помеѓу вработени што плаќаат придонеси  за пензиско осигурување наспроти оние кои земаат пензија и во Македонија тој е подобар отколку во земјите од регионот. Дополнително, според податоците на министерстовот за труд, трендот на намалување на соодност вработени/пензиоенри е запрен и не се намалува од 2011 наваму.

Во Словенија на пример овој однос изнесува 1,27 :1 , Во Хрватска 1,23 :1 а во Романија 1,2 : 1. Многу од земјите за време на кризата мораа да ги зголемат старосните граници за пензионирање, додека Македонија ги задржа на постојното ниво.  Невработеноста подолг период се намалува што значи и повеќе пари за пензискиот фонд.

На соодносот помеѓу вработените и пензионерите влијаат и  мерките што ги презема Владата за поттикнување на вработувањата. Ослободувањето од плаќање на придонеси поттикна многу фирми да ангажираат нови работници.

Приливот на пензионери кај нас останува во рамки на планираното, велат од министерството. Лани во однос на 2013 бројот на пензионери од работничко осигурување е зголемен за над 4700, односно за 1,5 % од вкупниот број на корисници на пензија.