Бизнис
26. January 2017 - 19:39

Поднесувањето ДДВ пријави и годишни даночни извештаи ги преоптовари серверите на УЈП, продолжени роковите

Продолжен рокот  во кои фирмите треба да достават ДДВ пријави и годишен извештај за персонален данок.   

Поради преоптовареност на системот, поднесувањето на овие два документа е отежнато. Затоа од  УЈП одлучија  на компаниите да им дадат  уште плус пет работни дена за исполнување на законската обврска. За ДДВ пријавите рокот за поднесување е до 1 февруари, а за  годишните извештаи за персоналниот данок наместо до 31 месецов,  до 7 февруари.

Од сметководствените бироа велат дека  обрасците не се достапни , системот паѓа. Вакви  проблеми  се случуваат најмногу во јануари  и февруари затоа што во овие месеци  имаат најмногу работа за да ги исполнат законските обврски.  

Тоа го потврдуваат и финансиските аналитичари. Тие сметаат дека  токму во периодрог кога фирмите се преоптоварени има и многу нерабтни денови. Затоа предлагаат дел од обврските да им бидат префрлени и  по овој период. Како што тоа го направија во дел од земјите од регионот.