Свет
13. July 2017 - 16:53

Поднесено првото барање за отповикување на Доналд Трамп

Претставникот  на демократите  Бред Шерман  го поднесе првото  официјлано барање за отповикување на претседателот на САД, Доналд Трамп.

Во барањето, тој  го обвинува Трамп за попречување истрага за руското мешање во американските претседателски избори во 2016  со тоа што го отпуштил тогашниот директор на ФБИ Џејмс Коми.

Досега,  никогаш во амерканската историја претседател  не е соборен со импичмент.