Бизнис
18. October 2017 - 20:00

Поднесена иницијатива за повлекување на вонсудската наплата

Не заживеa вонсудската наплата на долгови. Поднесена е иницијатива за неjзино укинување, дознава Сител.

Од почетокот на годината  сите кои имаат неплатени сметки за парно, струја, вода телефон, кабловска и одржување на зграда, , наместо да плаќаат огромни трошоци за нотари, адвокати, блокада, деблокада на сметка во банка, како и награда за извршителот, имаа можност да си ги платат долговите вонсудски, во рок од 15 дена.

Но, само 2% од граѓаните и фирмите побарале  ваков начин на решавање на спорот.

- Законот е неприменлив, интерсот кај граѓаните  на ваков начин да си ги платат заостанатите долгови е многу мал, изјави Зоран Димов, претседател на Комора на извршители

Со укинување на зоконот за вонсудска наплата , граѓаните повторно ќе плаќаат  неколкукратно повеќе отколку самиот долг. Најголрем дел од парите  одат за адвокатвжски и нотарски трошоци, , чии тарифи од почетокот на годината се зголемени. Сепак, според нив, и натаму биле најниски во Европа

За скратување на времето и намалување на трошоците,   нотарите, адвокатите и извршителите од денеска по електронски пат ќе можат да ги добиваат потребните документи за водење матични книги.

Услугата за доставување извод од матичната книга на родените ќе им биде достапна на граѓаните од 1 Ноември. Министерот Манчевски најави  дека од почетокот на нареднмата година  најчесто бараните документи од  граќаните, да можат да се извадат по електронски пат.