Македонија
6. October 2015 - 13:03

Подметнат оган под џипот на битолчанец

Ноќеска околу 02.10 часот во Битола на ул. „Димитар Хаџи Попов“ на паркинг просторот пред куќата сопственост на М.Ј.(56) непознат сторител поставил автомобилска гума под патничко моторно возило „Џип“, по што ја запалил.

МВР денеска соопшти дека пожарот бил локализиран од страна на оштетениот, а нема повредени лица. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.