Македонија
26. August 2016 - 8:34

Подгответе се за летен викенд и температури до 33. степен

Времето ќе биде претежно сончево со мала локална облачност која повеќе ќе биде застапена во јужните делови на земјава. Ќе дува умерен ветер претежно од северен правец, а долж Повардарието ќе има извесно засилување на ветерот.

Утринската температура ќе се движи од 10 до 19, а дневната од 28 до 33 степени.

Во Скопје времето ќе биде сончево и топло со слаб до умерен северен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 16, а дневната ќе се искачи до 32 степени.

УВ-индексот ќе има вредност 7.

Во наредните денови следи период на претежно стабилно време со постепен пораст на температурата на воздухот, а кон средината на неделата ќе има услови за локален дожд.