Македонија
19. December 2016 - 11:41

Подгответе се: Снежен бран доаѓа кон Македонија

Денеска во Македонија ќе биде сончево и ведро. Во западните делови ќе има мала до умерена облачност. Минималната температура ќе биде под нулата, а дневната ќе се движи од 4 до 9 степени.

Во следните два дена ќе се задржи стабилно и суво време, информираат од УХМР. Утрата ќе бидат ведри и студени, а преку денот сончево со мала до умерена облачност. Дневната температура ќе биде во благ пораст.

Од средината на неделава се очекува зголемување на облачноста со локални врнежи од дожд и снег и повторно опаѓање на дневната температура за неколку степени.