Македонија
4. October 2016 - 22:19

Подгответе се од утре Македонија ќе ја зафати поларен бран - Tемпературите ќе паднат под нулата

 
Подгответе се, од утре Македонија ќе ја зафати поларен бран, утринските температури ќе паднат под нулата. Се очекува и локален дожд, особено во северните делови.
 
Времето утре во Македонија ќе биде облачно со слаб до умерен дожд и значително постудено. Ќе дува засилен северозападен ветер. Утринската температура ќе се движи од шест до 13, а дневната од 14 до 23 степени.
 
Во Скопје променливо облачно со слаб до умерен повремен дожд и со повремено засилен северозападен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 11, а дневната ќе се искачи до 17 степени.
 
Во среда ќе дува засилен северен ветер што ќе услови значително спуштање на дневната температура.
 
Во четврток ќе биде сончево со мала до умерена облачност и се постудено, а во петок ќе настапи ново наоблачување со врнежи од дожд.