Балкан
29. July 2016 - 8:46

Подгорица ја повика Приштина да ја ратификува спогодбата за границата

Потпретседателот на Владата на Црна Гора, Душко Марковиќ смета дека спогодбата за демаркација на границата со Косово, потпишана од двете земји, треба да се испочитува без натамошно доцнење од страна на Парламентот на Косово.

Марковиќ ја повикал официјална Приштина да го исполни нејзиниот дел од спогодбата за демаркацијата на границата.

- Демаркацијата на границата меѓу Црна Гора и Косово е исполнета со потпишувањето на спогодбата и некои барања за преразгледување на истата се апсурдни,неосновани и неприфатливи, имајќи го предвид фактот што нашите две земји немаат никви недоразбирања околу граничните прашања, изјавил Марковиќ.

И покрај најавите на премиерот Иса Мустафа и шефот на државата Хашим Тачи дека спогодбата ќе биде ратификувана, бидејќи Косоово не губи ни квадратен метар од својата териорија, опозицијата која токму поради ова прашање фрлаше и солзавец во собраниската сала и понатаму е против со тврдење дека договорот е во полза на другата страна.

На трети август во просториите на косовскиот Парламент закажана е средба во проширен состав со учество и на политичари, историчари и други компетентни институции.

Сепак според познатиот аналитичар Петрит Зогај срдбата ќе биде само формална.

- Средбата ќе биде само формална. Се прави за цели на политичката јавност. Ни една од страните нема да ги прифати фактите на другата. Политичката војна ќе продолжи идентично како и пред трети август, оценува Зогај.