Македонија
10. November 2017 - 17:10

Поделеност во Институтот за македонски јазик, околу содржината на Законот за официјализирање на албанскиот јазик

Директорот на Институтот за македонски јазик очекува нивните забелешки на предлог текстот на Законот за јазиците, наведени на средбата со Премиерот да бидат вметнат во предлог решението. Нивните забелешки било околу терминолошките непрецизности кои можат да создадат погрешно толкување на одредби од законското решение.

-Сметам дека се што беше кажано ќе биде вклучено во најновите решенија на законот со оглед на тоа што излезе дека со премиерот ние всушност имаме многу слични гледишта и ставови само што прашање е начинот на презентирање на овие гледишта, вели Елена Јованова – Грујовска, Директор на Институт за македонски јазик..

Наспроти Јованова – Грјуовска, професорите од институтот сметаат дека законот за јазици е против уставен. Од вкупно 23-ца, дури 17-мина професори се потпишаа на писмото адресирано до собранието со кое го искажаа ставот по предлог – законот за употреба на јазиците.

-Овој предлог-закон повлекува големи финансиски издатоци во поглед на обезбедувањето преведувачи од и на албански јазик, кои сите институции ќе треба да ги платат од сопствени средства, а нивното необезбедување повлекува високи глоби, се вели во една од осуммте точки во писмото.

Според директорката на институтот, писмото на 17-мината професори нема поврзаност со мислењето на институцијата бидејќи тоа е став на дел од вработените.

-Како прв човек на институтот за македонски јазик не можам да ги коментирам ставовите на моите ценети колеги. Тоа е став на дел од вработените во институтот, тоа не е официјален став на институтот за македонски јазик, вели Јованова – Грујовска.

Законот за јазиците е сеуште во собраниска процедура.. Расправата за него ќе продолжи идната недела.