Поддржувачите на „Протестирам“ со протести во Скопје и други градови
Граѓанската иницијатива „Протестирам“ вечерва одржа протест во Скопје и во повеќе градови во државата.
Како и претходните денови протестот во Скопје почна пред Специјалното јавно обвинителство. Насобраните протестираа против социјалната неправда и политиките за вработување.
Од пред Специјалното јавно обвинителство тие се упатија кон Агенцијата за вработување, а потоа и кон Министерството за економија и кон овие две институции фрлаа балони со боја.
Протестите ги организираат со цел повлекување на одлуката за аболиција за сите оние против кои се води истрага и против кои е покренато обвинение од СЈО и неотповиклива оставка од претседателот Ѓорге Иванов.
Протести одржаа и во Штип, Делчево, Виница, Велес, Свети Николе, Струмица, Радовиш, Прилеп, Битола, Ресен и Крушево.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација