Македонија
27. April 2017 - 20:28

Поддржувачи на „За заедничка Македонија“ влегоа во Собранието

Граѓаните собрани пред Собранието вечерва влегоа во Собранието од главната врата. Полицијата претходно не им дозволуваше во поголем број да влезат во собраниската зграда.

Од првиот кат од прозороците од канцелариите се развиорени македонски знамиња. Пред собраниската згарад се слушна и звук каком на шок бомба.

Претходно, учесници на протестот на иницијативата „За заедничка Македонија“ влегоа во просторијата во Собранието каде беа дел од пратениците на СДСМ и на албанските партии, како и новинарски екипи, по што дојде и до физичка пресметка, во која има и повредени.

Истовремено во пленарната сала се поддржувачи на иницијативата. Ним им се обратија од раководството на „За заедничка Македонија“ кои оценија дека случувањата околу изборот на Талат Џафери за претседател на Парламентот се државен удар и оти народот со влегувањето во законодавниот дом си го враќа назад Собранието.