Бизнис
12. January 2017 - 19:51

Поддршката од државата за воведување на нови авио линии придонесе за рекордни 1,8 милиони патници во 2016

Рекордни 1.8 милиони патници поминале лани преку двата аеродроми. Евтините  летови го зголемија бројот на корисници на воздухопловниот превоз.

Од ТАВ Македонија соопштуваат дека ова е зголемување за 15 отсто споредено со 2015. Пораст од речиси 9 отсто има и кај бројот на операции, односнно бројот на летови лани се искачил до 16 883.

Ланската година била особено успешна за охридскиот аеродром,  каде што е нотирано зголемување  од 39, 2 % на бројот на превезени патници.

Двоцифреното зголемување на годишно ниво  е повисоко од просекот на ЕУ и просекот во регионот. Од ТАВ соопштуваат дека и оваа година ќе се работи на воведување на нови авио линии со помош на државата.

И од Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот вчера информираа дека евтините летови значително го зголемиле бројот на туристи во земјава. Годинава во земјава влегува и нов тур оператор.

Тонски Лела Крстевска Директор на Агенција за промоција и поддршка на туризмот

Финансиската поддршка од државата за воведување на нови авио линии постојано се зголемува.. Средствата кои се издвојуваат за таа намена од 2012 до лани се зголемени за 4 пати.

Најпопуларна дестинација од скопскиот аеродром е Истанбул по што следат Цирих, Виена,Базел, Малме и Лондон.

Од авиокомпаниите Визер има превезено најмногу патници односно 54,8 отсто.

Засега од двата аеродроми достапни се вкупно 35 дестинации. Најавено е и воведувањето на нова авио линија до Доха преку Катар Ервејс.

Според последната статистика бројот на туристи за 11 месеци лани е зголемен за 5 отсто во однос на истиот период 2015.