Македонија
19. September 2016 - 16:27

Поддршка за спортот најави Груевски со 4 мерки

Инвестицијата во спортот е инвестиција во младите, во јакнењето на спортскиот дух, во здравиот живот, инвестиција во иднината на една држава, во промоција на државата, но и во достоинството и колективната радост, особено во моментите кога се постигнуваат значајни резултати, кога се преставува државата. Вложувањето во спортот е една од суштинските определби на ВМРО-ДПМНЕ. За да има развој на спортот клучни се две компоненти: постоењето, или изградба и одржување на спортската инфраструктура, и поддршката на развојот на спортските таленти, клубовите, федерациите, спортските школи и академии, меѓународни настапи, поддршка на врвните спортисти  и нивно негување и растење.