Поддршка за членство на Македонија во НАТО на трилатералната министерска средба во Охрид
Зажувување на иницијативата од 2004 и 2005 година за Коридорот 8, соработка помеѓу воените специјални сили на трите држави како и поддршка на Македонија за членство во НАТО, се дел договорените заложби на трилатералната средба во Охрид помеѓу министрите за одбрана на Македонија и Бугарија, Радмила Шекеринска и Красимир Каракачанов и заменик министерот за одбрана на Албанија Петро Кочи.
- Со денешната средба повторно се оживеа Кордорот 8 на трилатерално ниво, а кога се разговара се наоѓаат решенија. Ако соработуваме за изградбата на Коридорот за да ја поттикнеме економијата тоа ќе претставува уште една економска соработка, а нашите граѓани да се чувствуваат сигурни и безбедни, нагласи Шекеринска.
Албанскиот заменик министер Кочи уште еднаш ја искажа поддршката на Албанија дека заедно со Бугарија ќе бидат силни поборници Македонија да стане 30. членка во НАТО.
Министерот Каракачанов истакна дека Коридорот 8 е проект кој ќе го поврзе Црното со Јадранското море, кое поврзување е во економски интерес за трите држави, а тоа, според него, ќе претставува нови инвестиции кои се неопходни на државите.
- Соработката во одбраната има цел да покаже дека Македонија која не е членка во НАТО, а Албанија и Бугарија се, да се докаже дека е добро вашата држава да биде 30. член на Алијансата, истакна Каракачанов.
Соработката на трите држави, според бугарскиот министер, не е интерес само на трите држави туку дека кон овој процес треба да биде вклучено Косово, при што ќе се пружи шанса сите економски да се развиваат, да имаат просперитет, сигурност и мир.
Ново на Сител
-
Покрај отстапката на властите сите локални избори да бидат на 2 јуни, опозицијата се уште без став дали ќе излезе на избори
-
Николоски: На овие избори се одлучува дали Али Ахмети ќе продолжи да газдува со Македонија
-
За 3 дена во странствo ќе заработам како за 3 години тука | Ана Марија Јанковиќ | Sitel Podcast 027
-
Дачиќ за Бујар Османи: Интересно е дека Пендаровски не бил информиран за резолуцијата за Сребреница
-
Столтенберг: НАТО работи на испраќање повеќе ПВО системи во Украина
-
Бислими: Српската страна не нуди идеи за решавање на проблемот на употребата на динарот на Косово
-
Курти: Неизрекувањето санкции ја охрабрува агресивноста на Србија
-
Министерот Тошковски во посета на ОВР Кичево и полициските одделенија Зајас и Осломеј