Под контрола пожарот во Панорама Резиденс, повредени нема
Десет противпожарни возила и четири од јавното претпријатие Водовод интервенираа во гаснењето на пожарот што попладнево околу 14 часот зафати 400 метри квадратни од објектите на комплексот Панорама Резиденс на падините на Водно, инвестиција на Архи ДОО Скопје.
Како што соопшти командирот на скопската противпожарна единица Благоја Менковски, повредени пожарникари нема, ниту граѓани се пожалиле на повреди.
- За кусо време пожарот е ставен под контрола. Моментно се врши расчистување. Противпожарна екипа ќе остане на местото додека не бидеме во целост сигурни дека опасноста од пожар е надмината, изјави Менковски.
и Архи ДОО Скопје информираше за пожарот, демантирајќи ги, како штоп наведува, претходно изнесените шпекулации.
- Пожарот е брзо и навремено локализиран и нема повредени лица. Притоа е предизвикана мала материјална штета. Дополнително ќе се утврдуваат причините за предизвикување на пожарот, стои во дописот од Архи ДОО Скопје.
Ново на Сител
-
Пожар зафати куќа во неготинско Долни Дисан
-
Врховен задутре ќе одржи јавна седница по жалбата на таткото на Вања против мерката притвор
-
Минималната синдикална кошница за април 60.212 денари, зголемена за 1.214 денари во однос на март
-
Цената на лебот засега е стабилна и нема да се менува, велат од Агро-бизнис комората при ССК
-
МВР, ЈО и АНБ комплетно подготвени за претстојните претседателски избори
-
Инаугурацијата на Путин ќе се одржи на 7 мај
-
Шојгу: Русија ќе ги интензивира нападите врз складишта со западно оружје во Украина
-
Просечната плата во февруари изнесува 39.276 денари