-->
-->
Почувствувала болка додека работела на нива - Тетовчанка погодена од заскитан куршум
-->
Вчера околу 18,00 часот од Клинички Центар- Тетово било пријавено дека е донесено повредено лице со прострелна рана од заталкан куршум од огнено оружје во десно рамо. Имено, околу 16,00 часот во дворот на Т. И (50) во с.Сараќино, додека П.З(60) од с.Сараќино, работела заедно со мајката на Т.И. во еден момент почувствувала болка во десното рамо, без претходно да слушне истрели од огнено оружје. На П.З и е укажана лекарска помош и проектилот од огнено оружје кој е изваден од страна на докторoт, е обезбеден за вештачење. Увид извршила екипа од СВР-Тетово и се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Индустриското производство во февруари зголемено за 0,3 отсто
-
ДЗС: Струјата во второто полугодие лани поскапела за 8,2 отсто
-
СДСМ: Нема ништо ново во понудата на ВМРО-ДПМНЕ
-
И Италија ќе го чува македонското небо
-
Објавен конкурсот за уписи во средно училиште
-
Битолчанка пронашла граната додека копала нива
-
До вторник сончево и топло до 29 степени
-
Нето надворешниот долг на крајот на 2023 година изнесувал 4.458 милиони евра