Почнува Вевчанскиот карневал
Вевчани викендов ќе биде театар на отворено со изобилство од креативност и импровизација и центар на сатирата за настаните што ја одбележаа минатата година.
Вевчанскиот карневал, со кој се слави доаѓањето на новата година по стариот календар, почнува денеска. Во 13 часот е дефилето на маски, а вечер, во пресрет на Василица и пречекот на православната Нова година, Чалгија саунд систем, Џамбо Агушев оркестар и Блага Петреска ќе ги забавуваат василичарите и гостите на Вевчани.
Кулминацијата на настанот е утре сретсело со василичарско оро на околу илјада маски. Карневалот ќе заврши попладнето со традиционалното палење на маските.
Вевчанскиот карневал е стар 1400 години и негува специфични обичаи. Зетот и Невестата се главните ликови-маски кои се задолжени ноќта меѓу 13-ти и 14 јануари да ги посетат сите, околу 700 куќи на Вевчани, за да соберат пари (т.е. маста) што се наменети за донации. Маските се чуваат во најголема тајност и никогаш не се повторуваат на некое следно карневалско издание.
Овој уникатен и единствен настан, на кој учесниците ја имаат сета слобода да критикуваат и иронизираат, секоја година привлекува по околу 10 000 гости. Годинава празникот Василица е во недела, па организаторите очекуваат голема посетеност од викенд гости.
Ново на Сител
-
ДЗС: Струјата во второто полугодие лани поскапела за 8,2 отсто
-
СДСМ: Нема ништо ново во понудата на ВМРО-ДПМНЕ
-
И Италија ќе го чува македонското небо
-
Објавен конкурсот за уписи во средно училиште
-
Битолчанка пронашла граната додека копала нива
-
До вторник сончево и топло до 29 степени
-
Нето надворешниот долг на крајот на 2023 година изнесувал 4.458 милиони евра
-
Тетовци се жалат дека не можат да излезат од дома поради глутниците