Бизнис
25. February 2016 - 19:49

Почнува реконструкцијата на делницата Неготино - Демир Капија

Ќе се реконструира автопатот Неготино – Демир Капија. Ова лето ќе почне рехабилитацијата. Предвидено е да се обнови делница долга 10-тина километри. Од министерството за транспорт и врски велат дека реконструкцијата треба да заврши во почетокот на идната година..

Од Транспорт и врски велат дека забрзано течат и градежните работи на автопатската делница од Демир Капија па се до јужната граница. За оваа намена се инвестирани над 200 милиони евра.

Инаку министерот Мисајловски денеска присуствуваше на почетокот на изградба на водовододен систем за неготинското село Пепелиште.