Бизнис
11. December 2015 - 19:56

Почнува промоцијата на тиквешкиот регион како туристичка дестинација

Општините,винариите и другите институции од Тиквешијата заеднички ќе го подобруваат локалниот туризам. За таа цел е формиран кластер за туризам кој ќе почне да функционира од 1ви јануари. Ќе се креираат туристички производи по кои ќе биде препознатлив овој регион, со цел да се привлечат поголем број на посетители.

- Планирано е во Тиквешко да се реализираат низа проекти од различни области со оглед дека овој регион е познат по производство на вино, одлична гастрономија, велосипедски тури, езерски патеки и планинарење, стари занаети и музеи, манастири и сместувачки капацитети, можности кои се недоволно познати и искористени. За оваа намена ќе бидат обезбедени средства од државата, истакна Беким Хаџиу, раководител на Секторот за туризам во Министерството за економија.

Кластерот е основан по иницијатива на организацијата за индустриски развој на Обединетите нации. Словенечката Влада има обезбедено 220 000 евра за негово функционирање.

Статистичките податоци покажуваат дека само 2,4 % од вкупниот број на туристи кои дошле во земјава го посетиле Тиквешкиот регион.