Почнува полагањето државна матура
Полагањето на државната матура во јунската испитна сесија во 2017 година почнува денеска со тестот по мајчин јазик и литература.
Покрај денешниот испит, ќе има уште три испити од државната матура до 14 јуни, а вкупно годинава се пријавени 16.426 кандидати.
Според податоците на Државниот испитен центар, 10.632 матуранти се пријавени за тестот по македонски јазик, 5.120 за албански јазик и 418 за турски јазик.
На 10 јуни е полагањето странски јазик. Како и во минатите години, најголем број (15.201) се пријавени за англиски јазик, за француски јазик 108, за германски 197 и за руски јазик 26 кандидати.
Тестирањето по предметот математика е на 12 јуни, а пријавени се 2.070 матуранти.
Последниот екстерен испит од државната матура ќе се полага на 14 јуни - за тест по биологија се пријавени 3.445, за хемија 282, за физика 119, за историја 2.900 кандидати, за бизнис 4.298, филозофија 3.684 и за естетика 193 кандидати.
Според видот на образование, 8.274 од вкупниот број пријавени матуранти се од гимназиско образование, 7.881 од средно стручно и 271 кандидат од средно уметничко образование.
Првичните резултати од тестовите треба да бидат објавени најдоцна до 14 јули, односно еден месец по последниот екстерен испит (14 јуни).
Ново на Сител
-
Пристигнаа првите резултати од изборите во Хрватска: ХДЗ освои 58 мандати, СДП и партнерите 44
-
Уапсен 33-годишен скопјанец, истепал полицајци во полициска станица
-
Истепан вработен на ЕВН во Глумово
-
Џафери славеше роденден, семејството го изненади со торта во Владата | ВИДЕО
-
Скопјанец ја истепал поранешната девојка и ѝ го украл накитот
-
24 годишник со „ренџ ровер“ се обидел да прегази полицајци
-
Полицајци одзеле канти со поликолор на момчиња кои пишувале графит
-
Избоден затвореник во прилепскиот затвор