Почнува летното сметање на времето
Со поместување на стрелките на часовникот за еден час нанапред, од ноќеска времето во два часот по полноќ ќе се смета како три часот, со што почнува летното сметање на времето.
Одлуката за денот и моментот на воведувањето и денот и моментот на завршувањето на летното сметање на времето за 2018 година е усвоена на последната седница на Владата, согласно директива на Европскиот Парламент.
- Донесувањето на оваа одлука придонесува кон следење на долгорочната економска политика на Република Македонија за асоцирање кон Европската Унија, како и водење сметка за непречено функционирање на одредени сектори не само за транспорт и врски туку и други сектори од индустријата кои бараат стабилно и долгорочно планирање, соопшти Министерството за економија.
Летното сметање на времето во 2018 година завршува на 28 октомври во три часот наутро, кога стрелките на часовникот ќе се поместат за еден час наназад.
Ново на Сител
-
ДЗС: Струјата во второто полугодие лани поскапела за 8,2 отсто
-
СДСМ: Нема ништо ново во понудата на ВМРО-ДПМНЕ
-
И Италија ќе го чува македонското небо
-
Објавен конкурсот за уписи во средно училиште
-
Битолчанка пронашла граната додека копала нива
-
До вторник сончево и топло до 29 степени
-
Нето надворешниот долг на крајот на 2023 година изнесувал 4.458 милиони евра
-
Тетовци се жалат дека не можат да излезат од дома поради глутниците