Бизнис
6. јуни 2016 - 19:40

Почнува изградбата на експресните патишта, се реконструираат 200 километри регионални патни правци

Интензивно се градат регионални, а наскоро почнува изградба и на нови експресни патишта. Тендерите се веќе распишани. Подготвителните активности  за Прилеп Градско се започнати, но ќе се гради и комплетно нов експресен пат со 4 ленти, за што владата ќе инвестира  30 милиони евра. Почетокот на октоври започнуваат градежните активности и за Штип Кочани и Радовиш Штип

Комплетно нов експресен пат ќе се гради и и на потегот Ранковце Крива Паланка, како и патот од Крива Паланка до Бугарија,  што ќе претсавува ново патно повзрузвање со оваа земја.

Вчера беше објавена и реконстукција на патот од Гостивар до Кичево, што ќе преставува преодно решение до изгрдбата на новиот автопат

Се работи и на автопатот Демир Капија Смоквица, Скопје Куманово, распишан е тендер за автопатот Неготино Демир Капија. Од регионалните, во моментов се врши рекоснтрукција на патишта во  вкупна должина од над 200 километри. Станува збор за патните правци

Битола Ресен Буково, Кочани Македонска Каменица Делчево , Мокрино Смолари, Николиќ Дојран, Бошков мост Дебар. Мелнички Мост Центар Жупа,  Ропотово Црнилиште , патот Брвеница Чегране е скоро готов, а активно се гради и Делчево Голак, како и други патни правци.