Македонија
5. May 2017 - 17:09

Почнува градежната сезона на македонските патишта

Почнува градежната сезона на македонските патишта. Јавното претпријатие за државни патишта склучи договори вредни 4,8 милиони евра за реконструкција на 11 регионални патни правци.  На реконструкцијата ќе работат шест компании.

Според годишната програма, во 2017 година планирано е да реконтруираат вкупно 37 региоланли патни правци. За овие 11 за кој веќе е склучен договор инветситор е ЈП за  државни патишта, а останатите ќе ги санира Макеоднија пат за што ќе бидат одвоени околу 4 милиони евра.

Покрај за санација, годинава се предвиднеи средства и за изградба на три експресни патишта кои ќе бидат на ниво на автопат и се со должина од над 100 километри. Паралелно тече изгрдбата и на 200 километри автопатска мрежа. Вкупно за макеоднските патишта годинава се планирани 300 милиони евра.

Годинава ќе биде готов првиот и трите автопати кои се во грдба. На делницата Демир Капија Смоквица се завршени над 90% од работите и наскоро може да се очекува дека ќе биде пуштен во сообраќај.