-->
-->
Почнува 8. Меѓународен акварелен симпозиум на општина Карпош
-->
Осмиот Меѓународен акварелен симпозиум на општина Карпош ќе се одржува од денеска до 31 август. Ќе учествуваат уметници од Индија, Египет, Франција, Романија, Белорусија, Велс, Бугарија и македонските академски сликари Пандора Апостоловска-Саздовска, Милан Андов, Симонида Филипова-Китановска, Страхил Петровски, Марија Павловска која доаѓа од Њујорк, Лидија Пачемска- Џонс и др.
Учесниците на годинашниот акварелен симпозиум ќе творат на две локации во Карпош, Скопје и неколку дена во Охрид.
Општина Карпош информира дека делата ќе бидат изложени на завршната изложба, која е предвидена за 31 август во ТЦ „Лептокарија“, во рамки на „Културното лето Карпош 2017“.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
ЦУК со апел за внимателност поради најавените метеоролошки промени
-
Во Грција уапсени 67 лица за спортско насилство и убиство на полицаец
-
Доларот зајакна петта недела по ред, порасна и цената на нафтата
-
Десет загинати во воздушен судар и уривање на два воени хеликоптери во Малезија | ВИДЕО
-
Северна Кореја извршила симулација на нуклеарен контранапад
-
Стапува во сила првиот билатерален Договор за стратешко партнерство меѓу ЕУ и Јапонија
-
Сообраќајот по влажни коловози, застои нема
-
Облачно со повремен пороен дожд и грмежи