Македонија
5. August 2015 - 9:03

Почнува 5. Меѓународен детски театарски фестивал „Битолино“

Со претставата „Не, не ти! Или за различноста“ на Мала сцена од Загреб  вечер (18:30) на новата сцена на битолскиот Центар за култура ќе почне 5. Интернационален детски театарски фестивал „Битолино“.

Пред најмладата битолска театарска публика вечер ќе биде изведена и шведската претстава на теататарот од Лунд „Звучи - ЗУН ЗУН“.  

Покрај шведската, ќе гостуваат и претстави од Хрватска, Израел, Франција, Австрија и САД. 

Интернационалниот детски театарски фестивал ќе трае до 7 август, со по две  претстави дневно.