Почнува 4.Саем за транспорт - товарни возила
Четвртото издание на Саемот за транспорт - товарни возила почнува денеска во надворешниот изложбен простор на Скопски саем.
На изложбена површина од 2.500 метри квадратни ќе се претстават импортери на товарни и комерцијални возила, компании кои вршат услужни дејности и компании од пратечката индустрија за товарните возила. Деловните посетители и граѓаните ќе може да видат брендови на импортери на товарни возила од светска класа, со влекачи, камиони, но и приклучни возила, односно приколки и полуприколки, како и доставни возила.
Преку овластени застапеници на Саемот ќе се претстават Шмиц Каргобул, Мерцедес бенз, Ивеко, ДАФ, Когел, Крон, Волво, Сканиа, Грејт вол, Мотоцентар. Партнер на манифестацијата ќе биде транспортната асоцијација СИЗ Македонија сообраќај – АМЕРИТ.
Работното време на Саемот, кој ќе заврши на 28 мај, ќе биде од 10 до 18 часот, а влезот е бесплатен.
Ново на Сител
-
Курти: Неизрекувањето санкции ја охрабрува агресивноста на Србија
-
Министерот Тошковски во посета на ОВР Кичево и полициските одделенија Зајас и Осломеј
-
Украден сеф со пари од менувачница во Чаир
-
Две жени пријавиле семејно насилство, едната од сегашниот другата од поранешниот сопруг
-
МЗ: Позитивен став кон приватните специјализанти, но решение после изборите
-
Трагите од предметите пронајдени во автомобилот во кој била убиена двегодишната Данка издадени на вештачење
-
Виничанец починал во дворот на сограѓанин
-
Кривични пријави против три лица од Тетово за вршење јавен превоз без лиценца