Живот
9. јуни 2017 - 12:26

Почнала да пие по четири литри вода дневно – Промената на нејзиното тело ја шокирала

Американската учителка Алиса Луск тврди дека симнала речиси 25 килограми така што почнала да пие повеќе вода. Според нејзините зборови, таа пиела и по четири литри вода дневно, што е двојно повеќе од препорачаниот внес.

Така, во една седмица таа пиела нешто помалку од 30 литри вода.
Кога имала најмногу килограми, вагата и' покажувала 90 килограми на оваа 27-годишна девојка од Мисисипи, а во тоа време носела големина 46. Како што вели, не можела да појде да купува облека, а да не заврши облеана во солзи.

Денес таа носи големина 38 и тежи 65 килограми. „За една година се здебелив речиси 30 килограми, бидејќи се хранев со брза храна и воопшто не вежбав. Се сеќавам дека одев во трговски центри и плачев бидејќи бев незадоволна од мојот изглед", признала таа за британски The Sun.

Потоа одлучила да превземе нешто и да го промени својот живот.

Почнав повеќе да пешачам и да внимавам што јадам. Откако симнав девет килограми, се свршив и тогаш одлучив да изгубам уште пет килограми до венчавката. Го променив начинот на живот и почнав да пијам речиси четири литри вода дневно, истовремено вежбајќи пет до шест пати неделно", рекла таа, додавајќи дека изгубила многу повеќе килограми од планираното.

Денес нејзиниот профил на Инстаграм, на кој го објавува својот напредок, го следат 11.500 луѓе. Единствената цена која ја платила поради слабеењето бил нејзиниот социјален живот, бидејќи престанала да излегува за да ја избегне нездравата храна.

Луѓето не разбираа зошто не сакам да појдам на некоја прослава. Едноставно мора да одлучите што ви е најважно, храната или вашата цел. Денес се чувствувам совршено, моејата самодоверба е поголема, иако и јас имам денови кога се чувствувам лошо", вели таа.

На оние кои сакаат да ја постигнат истата цел, ги советува да започнат со мали промени, најпрво да почнат да пијат повеќе вода, а потоа да го следат внесот на калории и да вежбаат три пати неделно.