Македонија
28. јуни 2017 - 16:32

Почнаа уписите во средните училишта во земјава

Завршените основци одлучуваат каде ќе го продолжат образованието. Денеска почна уписот во јавните средни училишта во државата. Според конкурсот објавен од Министерството за образование, се нудат близу 36 илјади слободни места за упис во прва година. Идните средношколци велат дека изборот кој го прават денес е одлучувачки за нивната професионална кариера.

Машински техничар, медицинска струка, економист – ова се дел од образовните профили кои ги нудат 108-те средни училишта во  државата. Традиционално, најголем е интересот за упис во гимназиите.

Запишувањето во средните државни училиште трае два дена.

Првото пријавување од јунскиот уписен рок продолжува и утре. Втора шанса, завршените основци за упис во средно ќе имаат на петти јули.

Резултатите и бројот на преостанати слободни места, средните училишта ќе ги објават во петок.