Почнаа средбите на партиските лидери со еврокомесарот Хан
Мислам дека денеска ќе имаме добар ден, изјави еврокомесарот за преговори за проширување Јоханес Хан денеска пред почетокот на средбата со четворицата лидери на политичките партии потписници на договорот од јуни/јули 2015 година.
Средбата се одржува во резиденцијата на Европската унија, како и претходните.
Од Европската комисија во Скопје најавија дека евроамбасадорот Хан најнапред ќе има поединечни средби со лидерите на ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ и ДPA, а потоа во текот на денот и заедничка средба.
Прв кај Хан денеска пристигна лидерот на СДСМ Зоран Заев заедно со Радмила Шекеринска и Оливер Спасовски, министер за внатрешни работи во актуелната Влада, подоцна на поединечни средби кај Хан ќе пристигнат премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, Мендух Тачи од ДПА и Али Ахмети од ДУИ. По овие средби како што веќе беше најавено треба да се одржи заедничка средба на Хан со четворицата лидери на која се очекува да присуствуваат и евроамбасадорот Аиво Орав и амбасадорот на САД Џес Бејли.
Се очекува денеска да биде постигнат финален договор во врска со неколку отворени прашања поврзани со договорот од Пржино како што се медиумите и прочистувањето на Избирачкиот список, но исто така се очекува до крајот на денот да биде познато дали предвремените парламентарни избори ќе се одржат во рокот што беше договорен - 24 април 2016 година или, пак, тие ќе бидат пролонгирани како што бара опозицијата.
Пред резиденцијата на ЕУ во Скопје има голем број новинарски екипи кои го очекуваат исходот од овие средби.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација