Македонија
22. July 2016 - 14:42

Почнаа подготовките за јубилејната „Смоквијада“ во Гевгелија

Богата културно-забавна програма најавуваат организаторите на претстојната 10. јубилејна „Смоквијада 2016“ што ќе се одржува на 20 и 21 август во Гевгелија.

Како што информира здружението на граѓани „Тера“, слаткото од зрели смокви ќе се вари на 20 август по дворовите во Гевгелија, а во неговата подготовка ќе учествуваат 15 екипи. Победниците ќе бидат прогласени наредниот ден, на 21 август, на градскиот плоштад.

- Цела недела пред централната манифестација ќе има промоции, изложби и настапи на естрадни уметници од Македонија. Не е исклучена и можноста за настап на фолклорни групи од Грција и Бугарија, велат од „Тера“.