Македонија
10. April 2017 - 16:44

Почна вселувањето на студентите во реновираниот блок од домот „Гоце Делчев“

Во новите услови полесно ќе се учи велат студентите од  домот Гоце Делчев. Почна вселувањето  во реновинираниот блок А во студентскиот Гоце Делчев. Собите се целосно опремени со мини кујна, нови плакари, бироа за учење, кревети.  Со реконструкцијата беа опфатени санитарните јазли, инсталацијата, системот за парно греење, нов под,  прозорци, лифтови. 

Со новата инвестиција домот   располага и со машини за перење и сушење алишта. По целосната реконструкција студентите велат хигиената  е на највисоко ниво.  Најзадоволни се од новиот мебел, брзиот интернет и библиотека која до сега одлично функционира.

Секој од блоковите располага од 320 до 335 легла.

Избрана е  компанијата која ќе ги реновира останатите два блока на студентскиот гоце делчев. Градежните активности стартуваат за неколку дена а студентите ќе можат да се вселат на почетокот од наредната година. Целосната реконструкција на домот ќе чини 6 милиони евра.