Македонија
18. December 2017 - 17:06

Почна судењето за обидот за убиство на Тодоров

Ќе се прави ново психијатриско вештачење на Љупчо Стојаносвки, дедото на Тамара кој е обвинет за обид за убиство на поранешниот министер за здравство Никола Тодоров. Судечкиот совет го прифати приговорот на одбраната дека вештаците имале истечени лиценци во периодот кога го опсервирале обвинетиот.

-Новото вештачење ќе го врши Психијатриската болница Скопје, попозната како Бардовци, изјави Павлинка Зефиќ, адвокат на обвинетиот Љупчо Стојановски

Претходно одбраната побара изземање на судијката Лаличиќ, но судот го одби барањето бидејќи таа лично не се познавала со оштетениот Тодоров.

Главната расправа за овој судски процес е закажана за 22 јануари, дотогаш треба да биде изготвено новото психијатриско вештачење за состојбата на Љупчо Стојановски. Тој останува во притвор во истражниот затвор Скопје. На 1 јуни пред министерството за здравство пукаше во екс министерот Тодоров. Се товари за за две кривични дела – обид за убиство и недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи.