Македонија
10. January 2017 - 15:37

Почна средбата на Груевски со лидерите од коалицијата „За подобра Македонија“

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски попладнево одржува средба со лидерите и претставници на политичките партии од коалицијата „За подобра Македонија“.

Груевски вчера го прими мандатот за формирање влада од претседателот Ѓорге Иванов, по последните предвремени парламентарни избори на кои ВМРО-ДПМНЕ освои 51 мандат.