Бизнис
7. July 2016 - 19:40

Почна собраниската расправа за ребалансот на Буџетот

Политичката криза ја наметна потребата за ребаланс на буџетот.  Проекцијата за раст на економијата се намалува од 4 на 2,3 проценти.  Ваквата состојба предвидика  потреба од кратења во државната каса. Со ребалансот за три милијарди денари се намалоуваат  приходите и тие сега изнесуваат 174,2 милијарди денари.  Вкупните расходби со корекциите  изнесуваат 195 милијарди денари и се за 800 милиони денари помали.  Буџетскиот дефицит се зголемува  од 3,2 на 3,6 проценти од БДП и  изнесува 21 милијарди денари.  Помалку пари има за проекти каде има забавување на активностите, а за дел од капиталните  инвестиции  издвоени се повеќе средства.  Допоплнително пари  се обезбедени за ПИОМ , Коридорот 10 односно делницата Демир Капија- Смоквица, за гасификацијата. Платите, пензиите и социјланата помош ќе се исплаќаат редводно како и до сега.  Расправата за ребалансот почна денеска.

Според Миновски  буџетото во моментов е во добра  состојба и редовно се сервисираат обврските.

За пратеничката Авировиќ,  добро е тоа што со ревидирањето  нема зголемување на даноците, процес кој се случи во многу земји. А  обезбедени се и средства за спроведување на механизмите за вработувањ и натамошно намалување на стапката на невработеност.

Опозицијата  пак  не го оправдува новиот ребаланс. Велат дека  новата корекција дополнително ќе го зголеми дефицитот.

На изјавата на Николов реагираа  од Министертвотот за финансии.

- Ребаланс на буџетот се прави во текот на годината за да се усогласат приходната и расходната страна со проекциите за раст на економијата. Буџетскиот дефицит, пак, е разлика меѓу приходите и расходите. Политичката криза која продолжи годинава, влијаеше на намалување на приватната потрошувачка, а фирмите и банките станаа попрудентни во однос на финансирање на нови инвестиции. Тоа се одрази на приходната страна. Кризата имаше влијание и врз расходната страна, се вели во реакцијата на министертвотот.

Споре деловникот на Собранието расправата за ребалансот на буџетот ќе трае десет работни дена.