Бизнис
15. September 2017 - 20:50

Почна со работа германската ОДВ Електрик во Охрид

Стартува со работа фабриката на ОДВ Електрик.Новиот капацитет во технолошко индустриската зона во близина на Струга во кој ќе се произведуваат жичани инсталации за автомобилски брендови како Порше, Мерцедес, БМВ Фолсваген.

Предвидува вработувања на илјада лица.Во погонот работат 7 производни линии а досега се вработени 220 лица кои претходно поминаа обука во Украина.

Станува збор за инвестиција од претходната влада  вредна 15 милиони евра.

Заменик претседателот на владата Анѓушев најави нов капацитет во Македoнија кој ќе произведува кабли и ќе ги подржува овие компании со домашни суровини.

Вработените во германската компанија задоволни од условите и работничките права.

Лидерот на ВМРО ДПМНЕ Никола Груевски на својот фејзбук профилот вели дека после долги преговори со претствниците на германскиот бренд во автомобилската индустрија ОДВ Електрик кои финишираа во Битола во хотелот Епинал во 2014 година се пушта во употреба инвестицијата ,тоа беше период кога бевме во екот на изборната кампања одејќи од град во град и од село во село. Виктор Мизо кој ги водеше преговорите замоли замоли за мое вклучување во момент кој оцени дека е многу важен за исходот  на разговорите.