Македонија
9. September 2015 - 16:35

Почна снимањето на францускиот филм ,,А Фонд‘‘

Започна снимањето на францускиот филм ,,А фонд,,  на скопската обиколница.

Филмот изобилува со каскадерски сцени, за кои ќе се користат најсовремени техники и опрема за првпат применети во  нашата држава.

Ова е досега најголемата странска инвестиција во филмската индустрија   во Македонија.

Режисер на оваа семејна акциона комедија, е Николас Бенаму,чии  досегашни филмови се вистински хит  во цела Европа. Само еден кадар од филмот ќе се снима на најмалку 4-5 километри, а една сцена ќе се повторува по неколку пати.

Снимањето  ќе трае седум недели, а во него ќе бидат вклучени 100 професионалци од Франција и  400 филмски работници,статисти  и придружни соработници од Македонија.

Планирано е филмот да биде готов во јули 2016 година.