Македонија
17. October 2015 - 17:10

Почна реализацијата на проектот за Преспанското езеро

Со примопредавањето на цевките во должина од 520 метри и  на другата дополнителна опрема  за изградба на цевководот во преспанското село Курбиново, во Ресен започна реализацијата на проектот “Мали инфраструктурни грантови” како дел од мега-проектот за Заштита на Преспанското Езеро. Проектот има вкупна вредност од 200 000 американски долари и со него ќе бидат опфатени десет населени места во овој регион, каде треба да се обезбеди подобрување на водснабдувањето, на наводнувањето, како и  решавање на проблемот со отпадните води. Во село Курбиново ќе биде воспоставен примарен систем за наводнување на околу 50 хектари овоштарници, што е од особана важност за овоштарите.
 
Проектот “Заштита на Преспанското Езеро”, го спроведуваат УНДП и општина Ресен со донаторски средства од Швајцарската развојна агенција.Со реализацијата на потпроектот “Мали инфраструктурни грантови”, освен што ќе се подобри наводнувањето и ќе се зголемат земјоделските приноси, ќе се обезбеди и подобра еко-заштита на Преспанското Езеро, што е и главната цел.