Почна реализацијата на проектот „Адаптација на Дом за деца и млади во село Кравари
Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион-ЦРППР почна со реализација на проектот Адаптација на Дом за деца и млади во село Кравари, општина Битола.
Со проектот ќе бидат превземени инфраструктурни активности за адаптација на дел од месната заедница во Дом за деца и млади во Кравари. Домот за млади и деца ќе располага со неколку простории за деца и млади, канцеларија, службен влез, кујна со остава, посебни санитарни јазли, тераси за млади и деца. Вкупниот габарит на просторот кој се адаптира изнесува 180м2.
Имплементацијата на проектот ќе овозможи унапредување на условите за живот на децата и младите во руралните средини, унапредување на социјалниот живот во руралните средини и поттикнување на одржливиот рурален развој во Пелагонискиот плански регион.
Вкупната вредност на проектот изнесува 6.562.763 денари и е еден од 10-те проекти кои Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион ги реализира во рамките на Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2015 година, во рамките на мерката 321.
Ново на Сител
-
ВМРО-ДПМНЕ ја официјализира својата коалиција
-
Еко акција во Прилеп
-
Штипска фирма доби забрана за работа поради загадување
-
Преглед на вести од светот
-
Предизборно финале - партиите ги финализираат листите
-
Teма на денот со Владо Мисајловски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ
-
Тројца приведени за убиството на матичниот доктор кај поликлиниката Железара – мотивот се уште непознат
-
Предизборно финале - партиите ги финализираат листите