Македонија
23. March 2016 - 22:00

Почна реализацијата на проектот „Адаптација на Дом за деца и млади во село Кравари

Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион-ЦРППР почна со реализација на проектот Адаптација на Дом за деца и млади во село Кравари, општина Битола.

Со проектот ќе бидат превземени инфраструктурни активности за адаптација на дел од месната заедница во  Дом за деца и млади во Кравари. Домот за млади и деца ќе располага со неколку простории за деца и млади, канцеларија, службен влез, кујна со остава, посебни санитарни јазли, тераси за млади и деца. Вкупниот габарит на просторот кој се адаптира изнесува 180м2.

Имплементацијата на проектот ќе овозможи унапредување на условите за живот на децата и младите во руралните средини, унапредување на социјалниот живот во руралните средини и поттикнување на одржливиот рурален развој во Пелагонискиот плански регион.

 Вкупната вредност на проектот изнесува 6.562.763 денари и е еден од 10-те проекти кои Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион ги реализира во рамките на Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2015 година, во рамките на мерката 321.