Бизнис
28. April 2016 - 19:54

Почна распределба на социјални станови во Охрид

Стружанец со нож избодел двајца охриѓани во казиното Адмирал во центарот на градот.Неофицијално поради нерасчистени коцкарски долгови приведениот од село Ливада најнапред физички нападнал едно лице со тупаници по главата а потоа кога се вклучиле и неговите двајца браќа ги повредил со нож едниот во пределот на градниот кош  а на другиот му нанел два убоди во слабината и грбот и веднаш потоа побегнал додека повредените се пренесени во охридската Општа болница каде се задржани на понатамошно лекување.

Нарушувањето на јавниот ред и мир во казиното „Адмирал“ се случи во 01 часот и 30 минути.

Денеска по консултации со јавниот обвинител, СВР-Охрид против стружанецот ќе поднесе соодветна кривична пријава.