Свет
7. March 2017 - 9:12

Почна распоредување на американскиот ПРО систем THAAD во Јужна Кореја

Американски војници почнаа со распоредување на ПРО-системот, THAAD во Јужна Кореја, ден откако Северна Кореја испука пробно четири балистички ракети крај брегот на Јапонија, јавија американски медиуми.

Плановите за распоредување на спорниот систем за ПРО ја разгневија не само Северна Кореја туку и Кина која гледа закана за безбедноста во моќните радари од тој систем. Некои либерални политичари во Сеул сметаат дека користа за безбедноста од распоредувањето на тој систем ќе биде уништена од влошување на односите со Кина и со Русија.

САД и Јужна Кореја сакаат системот за ПРО да биде во оперативна готовност до крајот на годината.